Мрежни услуги и трошоци
Вашиот уред е одобрен за употреба на GSM 850/900/1800/1900 MHz мрежите
и WCDMA 850/900/1900/2100 MHz мрежите . За да го користите уредот, потребно
е да се претплатите кај оператор на услуги.
Користењето мрежни услуги и преземањето содржини во Вашиот уред бара
мрежна конекција и може да доведе до трошоци за сообраќај на податоци. Некои
карактеристики на производот бараат поддршка од мрежата и можеби ќе биде
потребно да се претплатите на нив.