
Заклучување на Вашиот телефон
Сакате да го заштитите Вашиот телефон од неовластена употреба? Определете
безбедносен код и поставете го телефонот да се заклучува автоматски кога не го
користите.
Поставување на персонализиран безбедносен код
1 Одберете
Мени
>
Прилагодувања
и
Безбедност
>
Пристапни код.
>
Промени безбед. код
.
2 Внесете го сегашниот безбедносен код, 12345.
Заштита на Вашиот телефон
47

3 Внесете нов код. Должината на кодот мора да биде најмалку 5 цифри. Можат
да се користат само цифри.
Новиот безбедносен код чувајте го во тајност и на безбедно место подалеку
од Вашиот телефон. Ако го заборавите безбедносниот код и Вашиот телефон
е заклучен, телефонот морате да го однесете на сервис. Можат да се применат
дополнителни трошоци и можно е сите лични податоци во Вашиот телефон
да бидат избришани. За повеќе информации, контактирајте со некоја Nokia
Care точка или дилерот на Вашиот телефон.
Активирање на безбедноста на тастатурата
Одберете
Мени
>
Прилагодувања
и
Телефон
>
Безбедност на тастат.
>
Вклучи
.
Телефонот е заклучен кога копчињата и екранот се заклучени. Потребен Ви е
безбедносниот код за да го отклучите телефонот.