
Вметнување мемориска картичка
Користете само компатибилни мемориски картички, одобрени од Nokia за
користење со овој уред. Некомпатибилните картички може да ја оштетат
картичката и уредот или податоците зачувани на картичката.
Вашиот телефон поддржува мемориски картички со капацитет до 32 GB.
8
За почеток

1 Отстранете го задниот поклопец.
2 Проверете дали областите за контакт на картичката се свртени надолу.
Притиснете ја картичката, сè додека не се заклучи на своето место.
3 Вратете го назад го задниот поклопец.
Отстранете ја мемориската картичка
Важно: Не отстранувајте ја мемориската картичка кога некоја апликација ја
користи. На тој начин можете да ги оштетите картичката и уредот, и да ги
оштетите податоците што се зачувани на картичката.
Можете да ја отстраните или замените мемориската картичка без да го
исклучувате телефонот.
1 Отстранете го задниот поклопец.
2 Притиснете ја картичката навнатре, додека не се отклучи, и извлечете ја
картичката надвор.
3 Вратете го назад го задниот поклопец.