
Вметнување на SIM картичката и батеријата
Важно: Овој уред е направен за употреба само со стандардна SIM картичка
(види слика). Употребата на некомпатибилни SIM картички може да ја оштети
картичката или уредот и може да ги оштети податоците што се зачувани на
6
За почеток

картичката. Консултирајте се со мобилниот оператор за употребата на SIM
картичка што има мини-UICC исечок.
Овој телефон е наменет за користење со некоја BL-4U батерија. Секогаш
користете оригинални Nokia батерии.
SIM картичката и нејзините контакти може лесно да се оштетат од гребнатинки
или свиткување, затоа бидете претпазливи кога ракувате, ја вметнувате, или
отстранувате картичката.
1 Поставете го прстот во празнината на работ на телефонот и внимателно
подигнете и отстранете го задниот поклопец. Ако батеријата е вметната,
извадете ја.
2 Лизгајте го држачот за SIM картичката за да го отклучите и употребете го
ноктот за да го подигнете.
3 Осигурете се дека областите за контакт на SIM картичката се свртени надолу
и поставете ја картичката во држачот. Лизгајте го држачот за картички за да
го заклучите
За почеток
7

4 Подредете ги контактите на батеријата и на одделот за батеријата и вметнете
ја батеријата. За да го замените поклопецот, насочете го долниот дел за
заклучување кон неговото место (1) и притиснете се додека поклопецот не се
заклучи на своето место (2).