Копирање на музика од Вашиот компјутер
Дали на Вашиот компјутер имате музика што сакате да ја слушате на Вашиот
телефон? Користете Nokia Ovi Player и USB кабел за податоци за да управувате и
да ја синхронизирате Вашата музичка колекција.
1 Користете компатибилен USB кабел за податоци за да ги поврзете Вашиот
телефон и компјутерот. Проверете дали во телефонот е вметната
компатибилна мемориска картичка.
2 Одберете
Медиа трансфер
како режим за конекција.
3 На Вашиот компјутер отворете ја апликацијата Nokia Ovi Player. За повеќе
информации, видете го делот за помош за Nokia Ovi Player.
Некои музички датотеки можат да бидат заштитени со управувањето со
дигитални права (digital rights management - DRM) и не можат да бидат пуштени
на повеќе од еден телефон.