
За Nokia Suite
Со апликацијата Nokia Suite PC можете да:
•
Копирате содржина, како што се песни, фотографии или сопствени видео
записи помеѓу телефонот и компјутерот и секогаш со Вас да ги имате
омилените. Музичките датотеки заштитени со управувањето со дигитални
права (digital rights management - DRM) може да имаат забрани за копирање
или репродуцирање.
•
Ажурирајте го софтверот на телефонот и со ажурирањата добијте нови
карактеристики. Можете да направите резервна копија на телефонот и
апликациите пред ажурирањето.
•
Направете резервна копија на важните информации, како што се контактите
или пораките, на компјутерот за лесно да ги вратите во случај да го загубите
телефонот.
•
Истражете ја забавната страна и даунлоадирајте апликации, игри и друга
забава на телефонот.
За да дознаете повеќе за Nokia Suite и за да проверите со кои оперативни системи
работи Nokia Suite, одете на www.nokia.com/support.