Nokia услуги
Со услугите на Nokia, можете да најдете нови места и услуги и да останете во
контакт со вашите пријатели. Можете да го сторите, на пример, следново:
•
да ги прегледате ажурираните статуси на пријателите во различните услуги
за друштвени мрежи,
•
да даунлоадирате игри, апликации, видео записи и тонови за ѕвонење на
телефонот,
•
да добиете бесплатна сметка за Nokia Пошта преку Yahoo!
Некои од објектите се бесплатни, за други потребно е да платите.
Достапните услуги, исто така, можат да варираат според земја или регион и сите
јазици не се поддржани.
За да ги користите услугите на Nokia, потребна Ви е Nokia сметка. Кога
пристапувате до некоја услуга на телефонот, ќе Ви биде побарано да креирате
сметка.
За повеќе информации, одете на страницата www.nokia.com/support.
Nokia услуги
49